16 год девојче кое во сообраќајка ги загуби мајката и сестричката, се уште е во кома


Според најновите информаци од Клиничката болница во Битола, здравствената состојба на девојчето и по извршената операција е непроменета. Таа се наоѓа во вештачка кома, а лекарите на одделението за анестезија и реанимација се обидуваат со конезрвативна терапија да ја одржат во живот.

SOOBRAKJAJKAПо неколкучасовната операција, хирурзите на Клиничката болница во Битола успеаја колку што може да ја стабилизараат, но таа и натаму се наоѓа во критична состојба.

Инаку тешката сообраќајна несреќа се случи во вторникот на магистралниот пат Битола – Ресен, кога се судрија две патнички возила марка „Тико“ со охридски регистарски таблички и „Форд ескорд“ со битолски регистарски таблички. По сударот, на местото на сообраќајката почина 45 годишната С.К, која управувала со возилото, а со тешки телесни повреди се здобија нејзините две малолетни деца Е.К. на возраст од 6 години и 16-годишната И.К. Малата Е.К. почина по само 40 минути откако ја примија во болницата, додека Ивона К се уште се бори за живот.

Патниците од возилото „форд ескорд“, пак, поминаа со скршеници и контузии и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

Полицијата во Битола и јавното обвинтелство засега не излегуваат со информација, ниту за тоа како дошло до несреќата, ниту кој ја предизвикал, туку, како рекоа, ќе одговорат по вештачењето.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1