Во април оваа година две тинејџерки од Виена побегнаа од своите куќи и отидоа во Сирија во “света војна”.
Зад себе оставија порака “Не не барајте. Ќе му служиме на Алах и ќе умреме за него”. Сабина Селимовиќ и Самра Кесиновиќ се омажиле за џихадистичките борци и останале трудни.
Но животот во калифатот сепак не е она што очекувале – девојките сега сакаат да се вратат дома. Сабина и Самра се јавиле на своите семејства и им рекле дека ги здоболело да живеат вака, но се плашат дека повеќе нема да можат да се вратат бидејќи повеќето луѓе сега ги поврзуваат со ИД.
Австриската полиција соопшти дека профилите на девојките во социјалните мрежи биле киднапирани од екстремистите и изманипулирани со цел да се испраќаате пораки за нивниот нов начин на живот, а самите деца да бидат искористени како “рекламни лица”, кои ќе ги поттикнуваат младите врстнички да отпатуваат за Сирија.
Доколку сакаат да се вратат во Австрија, нема да биде воопшто лесно, дури и невозможно.
– Главниот проблем е кога луѓето сакаат да се вратат во Австрија. Еднаш кога ќе си заминат тоа е скоро невозможно, изјави портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи Карл Хајц Грундбек, .
Иако израснале во многу либерално окружување, во радикален ислам преминале, се верува, во една виенска џамија која ја води радикалниот имам Ебу Тејм.