Се уште непознато лице, вчера околу 21:30 часот застрелало малолетник во училишен двор во белградската населба Калуѓерица, јавува РТС.
Според информациите, малолетникот веднаш бил префрлен во болница но лекарите и покрај напорите не успеале да му го спасат животот.
Нема подетални информации за тоа како се случило убиството и дали му претходела некаква расправија.
Момчето имало неколку прострелни рани, полицијата претпоставува дека лицето рафално испукало неколку куршуми кон детето.