Во пожарот кој се проширил на интернатскиот дел од училиште за девојчиња од сиромашни семејства на Тајланд, животите ги загубиле 17 од нив, а пет се повредени, соопшти во понеделникот локалната полиција.
Огнот избувнал доцна ноќта кон понеделникот додека девојчињата на возраст од три до тринаесет години спиеле во училиштето во северната провинција Чаинг Раи. Во ова христијанско училиште оделе девојчиња од селата од планинската област.
Населението од руралните „ридски племиња“ во оваа планинска област, се етничко малцинство кое главно живее во оддалечените северни области на Тајланд, кои се граничат со Лаос и Мјанмар.
„Повеќето настрадале бидејќи спиеле. Оние кои се спасиле биле будни“, изјавил началникот на обласната полиција Прајад Сингсин,. Две од петте повредени девојчиња се во критична состојба, додека уште две ученички се водат како исчезнати, додал/
„Пожарот избувнал однадвор, но засега се уште се истражува причината за тоа. Инспекторите се убедуваат да утврдат што го предизвикало пожарот“, рекол Сингсин.