Малолетничка била прободена со нож додека чекала на автобуска станица во Скопје. Инцидентот се случил на улицата Цветан Димов во Скопје, на автобуска постојка кај трговскиот центар „Чаирчанка„
На малолетната Х.Ш. (17) од Скопје и била нанесена повреда со нож во пределот на бутот од левата нога.
Малолетничката ја нападнал 19-годишниот С.Б., исто така од Скопје, со кого се познавале од порано.
Повредената веднаш била пренесена во болница поради сериозноста на повредите.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
Нова Македонија