Американката Сузан Мери Мелен (59) поминала 17 години во затвор поради убиство кое не го извршила, а судот ја ослободи сомневајќи се во изјавата на главниот сведок во случајот.
Сузан Мелен, сега 59-годишна мајка на три деца од кои две имале 7 и 9 години кога била уапсена, беше осудена на доживотен затвор без можност да биде ослободена за убиството на Ричард Дејли во 1997 година чиешто полујагленосано тело било пронајдено во Сам Педро во Лос Анџелес.
Судијата Марк Арнолд од вишиот суд на Лос Анџелес овој случај го оцени како редок пораз на судскиот систем и додал дека се чини оти пресудата којашто ѝ била изречена била втемелена на лажното сведочење на Џун Пати, којашто изјавила дека Мелен ѝ го признала убиството.
Веродостојноста на Пати, којашто починала во 2006 година, е доведено во прашање откако неодамна предметот повторно бил отворен кога нејзината сестра, полициски офицер во Торанс, ја нарекла Пати најголема лажга којашто ја сретнала во животот.
Тричлена банда последователно била поврзана со убиството, а еден нејзин член е осуден за убиството. На полиграфско истражување тој рекол дека бил присутен на убиството на Дејли, но оти таму не била Мелен
Поткажувачката која тврдела дека ја слушнала Мелен како го признава убиството на бездомникот е Џун Пети, полициска соработничка, која неколку пати лажно обвинувала луѓе, покажуваат документите од случајот на Мелен.
Пети починала во 2006. година. Потоа биле уапсени тројца членови на банда поврзани со убиството на бездомникот Ричард Дали, кое наводно го извршила Мелен.