18те години од животот на Исус што недостигаат


Бегството од Витлеем, неколкугодишното живеење во Египет, враќањето во Назарет и случката во ерусалимскиот храм кога имал 12 години се, практично, целата биографија на Исус Христос содржана во четирите евангелија до неговото крштевање на 30 години.

isus platnoНајраширено е мислењето дека тој живеел со своето семејство помагајќи му на својот очув, кој бил дрводелец. Енигмата се засилува кога во евангелијата ќе се најдат зборовите што укажуваат дека тој имал и „браќа и сестри“, при што дилемата е дали тие му биле вистински, дали се децата на неговиот очув Јосиф од првиот брак или се мисли на роднините?

Нешто биографско постои само кај евангелистот Лука, но таму, пак, воопшто не може да се сретне податок дека семејството на Исус престојувало во Египет неколку години. Наместо тоа, се спомнуваат само неговото донесување во храмот како мало бебе, враќањето во Назарет и појавувањето како 12-годишник во ерусалимскиот храм на празникот Пасха.

Таа епизода во која Исус таму останал три дена, а неговите загрижени родители на крајот го нашле како разговара со свештениците, практично е единствената случка од неговото триесетгодишно живеење.

„Зошто сте ме барале? Зар не знаевте дека јас треба да бидам во тоа
што е на мојот отец?“, бил одговорот на Исус на неговата мајка Марија кога таа го прекорила поради отсуството. Неколку стихови понатаму се посочува дека тој „напредуваше во мудроста и возраста и во милоста кај Бога и кај луѓето“, за потоа да следува приказната со неговото крштевање од страна на Јован и настаните што следувале во наредните три години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1