Од 1-ви јули до сега спасителите на Црвениот крст имале 19 успешни интервенции во случаи на давење, 210 укажувања на прва помош на охридското крајбрежје и 30-на на струшкиот дел, како и повеќе потраги по изгубени деца, пишува Ohridnews.
-За време на празничниот викенд на плажата Орце Николов несовесни родители ги имаа оставено своите деца на возраст од 4 и 5 години. Во вода покрај регистрираните случаи на спасување давеници затекнати беа капачи во алкохолизирана состојба, како и двајца капачи под дејстви на наркотични средства одалечени на околу 200 метри од брегот на кои им беше пружена помош, изјави Сашо Точков, од Црвен крст охрид.