2.000 евра глоба ако не се пријавите во Архив


Сите фирми имаат обврска до понеделник да достават до Архивот на Македонија план на архивски знаци, листа на архивски материјали и листа на документарен материјал со рокови за чување. Доколку не го сторат тоа, ќе бидат казнети со глоба од 1.000 до 2.000 евра за фирмата и уште 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

dolg izvrsitel dokument

Според последните измени на Законот за архивски материјал, односно упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот и архивскиот материјал во канцелариското и архивското работење, сите правни субјекти се обврзани од Нова година да водат деловодник, во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле од фирмата. Поради оваа обврска, до понеделник сите ќе треба писмено да го известат Архивот за начинот на кој ќе ги заведуваат документите. Освен фирмите, оваа обврска ја имаат и државните органи, институции, јавните установи и служби, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, правните лица и физичките лица што вршат јавни овластувања, приватните правни лица и физичките лица што самостојно вршат дејност.

“Обврската за пријавување е до 30 ноември, но бидејќи се паѓа в недела, крајниот рок се префрла за в понеделник. Материјалите може да се донесат во Архивот или да се пратат по пошта”, изјавија вчера од скопскиот архив. Оттаму велат дека тогаш ќе знаат и колку пријави стигнале до Архивот.
Инспекциските служби од Државниот архив веќе одат во фирмите, но засега имаат советодавна улога, без казни.
Приватен архивски и документарен материјал создаваат фирмите во текот на своето работење. Приватните архиви на фирмите не смеат да бидат отстапувани на странци. Тие може да бидат продадени или подарени на трети лица, но откако првично ќе му бидат понудени на Државниот архив.

Vest.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1