2 години откако починала – испратила порака на сопругот како да ја сака новата жена (Видео)


Бренда Шмиц, мајка на четири момчиња, напишала писмо со три желби непосредно пред нејзината смрт и замолила еден пријател писмото да го објави откако нејзиниот маж Дејвид ќе продолжи со животот и ќе пронајде нова љубов.

56799098Бренда починала од рак на јајниците во септември 2011 година, а еден месец пред смртта му испратила писмо на пријател кое тој требало да го достави до радио „Стар“ во Демојн, Илиноис.Секоја година ова радио добива желби од слушателите за Божик, а неколкумина среќни избраници ја имаат можноста нивните желби да ги слушне цела јавност. Радиото оваа година го добило писмото од пријателот на Бренда и решиле да ја исполнат нејзината желба, па го поканиле сопругот Дејвид да дојде во студиото.Дејвид бил изненаден и потресен кога му го прочитале писмото:„Кога ќе го добиеш ова писмо јас веќе ќе ја изгубам битката со ракот. Му кажав на мојот пријател, кога Дејвид ќе продолжи со животот и пронајде нова личност со која ќе го дели животот, да го испрати писмото во радио“.

Првата желба на Бренда била новата љубов на нејзиниот сопруг да има еден ден само за себе, за уживање.

„Таа го заслужува тоа, таа е маќеа на оние четири немирни и момчиња. Насмевни се и знај дека секој нејзин труд е вреден и треба да се награди“.
Бренда исто така посакала семејството да замине на едно „магично“ патување по избор и трето да направи една мала забава за лекарите што ја лекувале.

Програмата Божикна желба постои веќе 20 години. Никогаш не сме добиле ваков вид желба – рекол директорот на радиото, Скот Ален.
Сите желби на Бренда биле исполнети, семејството заминало на патување во Дизниленд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1