Полицијата во Салем, во сојузната американска држава Јута е во потрага по жената од видеото кое безмилосно ја претепа младата мајка пред очите на нејзиното двегодишни синче.
Нападот се случил во парк. Од силината на ударот мајката паѓа на земја, а жената насилник продолжува да ја удира со боксови и клоци.
Малото момче почнало да плаче, по што и тоа се обидело со клоци да ја спречи насилната жена која пак безмислено се нафрлила на неговата мајка. Сминката ја објавила полицијата, и тоа со надеж дека некој ќе ја препознае жената насилник.