2 годишно девојче повредено во ЗОО во Белград – и скокнал волк од зад грб


volkВо белградската зоолошка градина е повредено двегодишно девојче, откако волк и скокна од зад грб.

Волкот бил шетан од волонтерка во зоолошката и во еден момент ненадејно се отргнал и и’ скокнал врз девојчето од зад грб, јавува српски телеграф.

Двегодишното дете со автомобил на итната помош е пренесено во детската болница. Медиумите велат дека за среќа девојчето има само гребаници – од болницата изјавиле дека е во тек санирањето на нејзините повреди, но дека е вон животна опасност.

Животното веднаш после инцидентот е вратено во кафез.

Ова е волкот кој го нападнал девојчето. На фотографијата што ја објави српски Телеграф е белиот волк стар 5 месеци кој го нападнал девојчето. На прашањето зошто се шетаат овие диви животни меѓу децата директорот одговорил дека немаат многу место зо ЗОО и затоа кога нема многу гужва ги шетаат животните. Според него инцидентот бил преувеличен и се работело за мали повреди.

Vuk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1