20 деца затруени со храна во одморалиште во Дојран – труење и во Драчево


Хоспитализирани се 20тина деца на возраст од 7 до 14 години со симптоми на труење како повраќање и дијареа, кои престојувале во детско одморалиште, викендов, во Дојран, соопшти Aгенцијата за храна и ветеринарство.agencija-za-hrana-i-veterin-640x361

„Веднаш е направен инспекциски увид од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во конкретното одморалиште. Кујната на летувалиштето е затворена и забранета за користење. Константирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа, наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење“, се наведува во соопштението на АХВ.

Другиот случај на можно труење од храна викендов е регистриран во слаткарница во скопско Драчево, каде сопружници со истите симптоми како повраќање и дијареа се хоспитализирани по консумирање на слатки од локалната слаткарница.

„И во овој случај инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство направија увид, наредија мерки и ја затворија слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната“, се додава во соопштението.

Агенцијата за храна и ветеринарство повторно апелира и упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1