20 години играл напаѓач – не дал ниту еден гол – најголемиот измамник во фудбалот


Бразилецот Карлос Енрике Кајзер кој градел кариера како напаѓач во клубови од Бразил, Мексико, САД и Франција, но не само што не дал ниту еден гол, туку воопшто не ни играл.

Enrike-KajzerКарлос Енрике во младоста го добил прекарот Кајзер заради сличностите во неговиот стил на игра со оној на Франц Бекенбауер. Но тоа е само една од лажгите кои овој Бразилец ги искористил во градењето на својата фудбалска кариера. Кајзер ги искористил своите способности за лесно склопување пријателства и знаел дека е важно да си другар со познати фудблски имиња  – така си направил  кариера која траела 20 години и тоа без да постигне ниту еден гол.

Во почетокот на 80-те години тој се спријателил со неколку големи имиња од бразилскиот фудбал како Ромарио, Едмундо, Бранко, Ренато Гаучо.

Кога тие ќе потпишеле договор со некој тим, ги убедувале челниците на клубовите да му дадат шанса на „талентираниот” Кајзер со тримесечен пробен договор. По потпишувањето на договорот тој ќе признел дека му требаат неколку недели за да се врати во форма. Со месеци трчал околу терените, а навечер бил главен во дискотеките. Бил омилен кај жените затоа што имал статус на професионален фудбалер.

По првиот месец Кајзер ќе се појавел на теренот, но тогаш следел вториот дел од неговиот план.

„Некој ќе ми додадеше топка, а ја ќе ја шутнев далеку. Потоа ќе се фатев за задната ложа и ќе одглумев повреда. Следните 20 дена ќе ги поминев во лечење. Тогаш немаше магнетна резонанца, па мораа да ми веруваат”, изјави Кајзер во интервју за бразилски Globo.

Kajzer-RenatoДодека се опоравувал тој правел се за да стане попопуларен кај соиграчите.

„Тогаш на фудбалерите не им беше дозволено да го напушатаат хотелот пред натпреварите. Затоа јас неколку денови претходно резервирав соби и најмував жени. Во тој случај фудбалерите не мораа да го напуштат хотелот за да запознаваат девојки”, раскажува Кајзер.

Интересно е што никој не се посомневал дека лаже. Мислеле дека нема среќа и се обидувале да му помогнат. Но имало и такви на кои им било сомнително тоа што го прави.

Во деведесетите години додека бил член на Ботафого, со себе имал голем мобилен телефон. Го користел за да води лажни разговори на англиски јазик со наводно заинтересирани клубови. Соиграчите лесно се лажеле затоа што не знаеле англиски, но клупскиот доктор го познавал јазикот. Докторот сфатил дека англискиот на Кајзер нема смисла, а еден ден додека тој се туширал, открил дека мобилниот телефон му е пластична играчка. Морал да си замине од клубот.

Откако ќе го откриеле, Кајзер едноставно ќе го сменел клубот и ја повторувал истата тактика.

Играл и во Европа. Потпишал за тогашниот француски второлигаш Ајачи. Првиот предизвик го имал уште не претставувањето. Стотина навивачи дошле да се уверат во вештините на новата бразилска ѕвезда. Кајзер не сакал да ги изневери, па наместо да жонглира или да покаже некоја вештина, тој ги земал топките и ги шутирал кон навивачите. Тоа го правел се додека снемало топки, па тренерот немал друга опција освен да одработи кондиционен тренинг.

Во Франција забележал 20 настапи а играл 2 години – голови нула.

По „успешната” кариера во странство, се вратил во Рио и тука ја завршил својата импресивна кариера како напаѓач без да постигне ниту еден гол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1