Дваесет годишниот скопјанец М.И. синоќа со прострелна рана во пределот на абдоменот е донесен во болница.
Персоналот на ГОБ “8-ми Септември“ пријавил дека кај нив е донесен пациент со прострелна рана, по што полициски екипи извршиле разговор со него, но момчето не посочило детали кои би помогнале во откривање на идентитетот на сторителот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.