Десетина полетувања од скопскиот аеродром „Александар Велики“ утрово се откажани поради лошите временски услови, додека дел од авионите чија дестинација е Скопје се пренасочуваат кон аеродромот „Апостол Павле“ во Охрид.
Од четири часот утрово откажани се 12 полетувања кон Виена, Љубљана, Лондон, Истанбул и Загреб.
Во Охрид пристигнаа авионите од Дизелдорф и Љубљана.
Густата магла веќе една недела го отежнува авиосообраќајот во Скопје.