200 нашинци кои работеле во ризичните региони денеска влегуваат во Македонија- ќе бидат сместени во групен карантин


Околу 200 луѓе кои се наши државјани кои што беа на унгарско-српската граница со организиран превоз се очекуваат да дојдат на преминот Девебаир, вели на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека од тие 200 луѓе најголем дел работеле во ризичните региони во Италија и Австрија.

-Сите тие ќе одат во групен карантин во касарната Пепелиште на криволак каде е обезбедено услови, храна и медицински услови, додава Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1