2045та – човечките мозоци ќе бидат бесмртни


До 2045. година, луѓето ќе можат да ги дуплоадатираат своите мозоци во компјутерите и да станат дигитално бесмртни, тврди познатиот научник и футурист Реј Курзњеил, директор за инженеринг во Гугл

Тој на меѓународниот конгрес „Глобална иднина 2045.“ , соопштил дека биолошките делови на нашето тело ќе бидат заменети со механички.

– Потребата за компјутерска сила која е потребна за да се симулира човековиот мозок, може да се зголемиме  во интелегенција милијарда пати, изјавил тој.

Овие претпоставки тој ги темели на т.н. „Муреовиот закон“, кој објаснува дека компјутерската сила се зголемува во просек за двапати на секои две години.

Со овој развој во 2045 година ќе биде возможно да се симулира човековиот мозок во целост, а потоа и да се „надогради“. Сингуларноста ќе доведе до дигитална бесмртност, зашто мислите, сеќавањата и карактерните особини може да се одржуваат дигитално и после смртта.

По сингуларноста човековото општество, кое го познаваме денес, повеќе нема да постои. Технолошката сингуларност е теоретска точка во технолошкиот развој, во која се јавува технолошка суперинтелегенција. Овој термин првпат го искористил познатиот математичар Јохн Вон Неумани, во 50 години минатиот век.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1