20 год девојка настрада во пожар кој ја зафати малата викендица крај Морава во околината на Краљево, каде друштво од 20 млади отишло да прави скара за 1 мај. Сите биле надвор, а 20 год Александра влегла во собата за да дремне.
Пожарот избил одеднаш, пријателите ја чуле како вриска но оганот пламнал и не можеле да влезат да и помогнат.
Пожарот веројатно започнал кога пламенот од плинска боца ги зафатил кантите со бензин кои стоеле во собата а кои се користеле за агрегатот за струја.