21-годишна девојка пронајдена мртва во Вардар


Мртва 21 годишна девојка утрово е пронајдена во тетовското село Сараќино.

Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за Курир потврдува дека утринава околу 10:30 часот во водите на Вардар е забележано женско безживотно тело, по што местото е веднаш обезбедено.vardar trup

Станува збор за жителка на истото село, но нејзиниот идентитет се уште не се соопштува.

Како што неофицијално дознаваме, безживотното тело во реката го забележал сопругот на починатата млада девојка. Според информациите на Курир, починатата вчера вечерта била пријавена за исчезната.

Повеќе детали се очекува да бидат познати по завршување на увидот кој е во тек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1