21 годишната Елма сакала да се разнесе на Денот на државноста на БиХ?


Елма Џусинас (21), кој беше уапсена во вторникот во Калесија во близина на Тузла, планирала на 25 ноември, на Денот на државноста на Босна и Херцеговина, да изврши бомбашки самоубиствен напад во оваа земја, информираат босанските медиуми

Според “Независне новине”, неколку часа пред извршувањето на нападот, таа била спречена од СИПА (Агенција за заштита и истраги на БиХ).58108_08-elma-djusinac_f-1

Елма веќе четири дена е во Службата за странци во Сараево, а истрагата против неа се чува во најголема тајност.

Властите на БиХ од денеска практично не даваат никакви информации за текот на истрагата против Елма Џусинацc, само се знае дека “во догледно време” ќе биде депортирана во Србија.

– Елма беше уапсенА под сомнение дека е обучен бомбаш-самоубиец и планирала напад. Ако овие сомневања се потврдат во текот на истрагата, таа најверојатно ќе биде испратенА директно во Белград.

Инаку, властите на БиХ ќе ја спроведат само до границата со Србија и ќе ја предадат на локалните власти – вели извор близок до истрагата.1devojka500
Таткото на Елма, Бекир е шокиран од апсењето на неговата ќерка, бидејќи тој тврди дека таа не е терорист, но е само девојка на која и бил испран мозокот од страна на Енес Месиќ, радикален вахабист за кој тајно се омажила.

– Таа не е терорист, моето дете е заведено. Кој знае што Енес планирал со неа, можеби тој само сакал да ја користи за војната во Сирија. Народот вели дека тој навистина ја сака, но тој, не може да ми биде зет, ниту маж на ќерка ми, затоа што поддржува зло. Лута сум и разочаран, но Елма би ја примил во куќата само ако се ослободи од тоа зло, – рекол Бекир за информер.

Елма Џусинац на Фејсбук имала профил “Елма Zeuxhetul Енес” кој вчера попладне бил затворен.

На денот кога таа се омажила, на 11 февруари оваа година, Елма на Фејсбук страницата, напишала дека не и треба човек кој е сличен на нејзиниот татко, но дека таа го избрала својот животен сопатник.
– Не ми треба еден кој е во одело со вратоврска, како што татко ми, ми вели, добар сопруг, како што го замислил, но силен муџахид, топол со врела крв човек кој знае дека Аллах е господар и дека сите сме негови робови – напишала Елма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1