Хуманите луѓе работеа и пред првомајските празници за да им помогнат во овие тешки времиња на оние кои им е најпотребно. Хуманитарни организации на Македонија преку фејс имаше упатено повик, овој пат до како што самите објавија на својата фејсбук страна ,,За нашите сограѓани кои силно ги погоди кризава и се Невработени и Самохрани родители.,,

Акцијата ја насловија ,,Храна за сите,,. Објавуваат на фејсбук каде на која локација ќе се дели и сите на кои им е потребна помош податоци и мобилен можат да пишат во инбокс или со СМС на мобилен телефон 070601068. еве што велат за последната акција во населба Аеродром

,,Денес успешно ја завршивме Кампањата ,,Храна за сите,, за оваа недела. Помогнавме на многу сограѓани. оброци , сокови , маски и ракавици за Самохрани родители и Невработени. Пунктот – Локацијата беше урбан двор на едукативен центар спроти паркот на фонтаните. Запазен е протоколот за дистанцирање .

Сите заинтересирани донатори можете да ни оставите храна или облека еден до два часа предходно за да можеме да ја сортираме по возрасни групи. Ви благодариме. Заедно сме посилни во овие тешки времиња. Да продолжиме секоја недела како до сега. Неизмерно Ви благодариме и упатуваме апел до сите фирми да ни се придружат.

Хуманитарни акции. ,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1