22 годишен Македонец во САД го избодел до смрт својот цимер(ВИДЕО)


22-годишниот Јовица Николоски е обвинет за убиство на својот цимер Спасе Граждани во Вестленд, во американската сојузна држава Мичиген.

Убиството, според медиумите од , се случило уште на 9 септември, кога полицијата го пронашла телото на 25-годишниот Граждани со повеќе убоди од нож.

Според полицијата, по расправија меѓу нив, Николоски го избодел со нож Граждани рано изутрината, се истуширал и на неколку часа заминал од станот. Околу пладне се вратил и ја повикал полицијата.

Николоски за убиството од прв степен се соочува со доживотна казна затвор, а сега е во затвор, без можност за кауција. Николоски се појавил на суд пред десет дена, а ќе се врати во судница во октомври бидејќи неговиот адвокат побарал дополнително време за да ги собере документите и информациите што се однесуваат на случајот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1