22 годишна трудница почина од Ковид-19


Бремената 22-годишна девојка која почина како последица на коронавирусот имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда, велат официјално од Министерството за здравство.

Таа на 26-ти ноември од ГАК била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Клиниката за Гинекологија била примена три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод со царски рез.

Нејзината здравствена состојба била многу лоша и пациентката за цело време била на респиратор. Третманот со респиратор продолжил и во ГОБ „8-ми Септември“ каде била донесена во критична состојба. За време на лекувањето во двете институции преземени се сите мерки на интензивно лекување. И покрај тоа, пациентката починала на 9-ти декември, велат од Здравство.

Родилката која завчера почина во ГОБ 8ми септември каде 7 дена била на респиратор, претходно, и покрај лоша здравствена состојба 2 пати одбила хоспитализација во Клиниката за гинекологија.

Директорката на ГАК вели дека веќе починатата родилка имала нерегулиран дијабет и намалена функција на тироидната жлезда.

Првиот пат кога дошла на клиника имала крварење од устата и се жалела на гастроинтестинални проблеми. Првиот тест и бил негативен на ковид, но потоа по приемот на клиника ПЦР тестот бил позитивен. 22-годишната родилка била во 37мата недела од бременоста, но била хоспитализирана со веќе мртов плод. Состојбата драстично и се влошила со многу лоши фактори на хемостаза.

Во лекувањето биле вклучени и лекари од други клиники. Од ГАК била префрлена во ГОБ 8ми септември каде и починала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1