Американецот кој невин помина во затвор 23 години доживеал срцев удар, само два дена откако беше ослободен од затворот во Њујорк. Дејвид Ранта кој сега има 58 години се наоѓа на одделението за интензивна нега во њујоршка болница.
Во февруари 1990 година Ранта беше уапсен и осуден за убиството на еврејски рабин. Иако цело време трвдел дека е невин сепак бил осуден. Ранта беше ослободен откако Јавното обвинителство во њујоршкиот кварт Бруклин после 23 години откри дека во неговиот случај е направена „фатална грешка“ по што локалниот обвинител побара Ранта веднаш да биде ослободен во „интерес на правдата“. Обвинителството и детективите најпосле утврдија дека „клучниот сведок„ за осудувањето на Ранта не ја зборувал вистината.
Како сведок,при препознавањето на осомничениот,од неколкумината кои му биле понудени за идентификација тој покажал на Ранта, како извршител на убиството на рабинот,иако воопшто не го препознал сторителот.
На сегашното сослушување тој им призна на обвинителот и на детективите дека пред 23 години покажал на Ранта само затоа што некој од полицајците му рекле дека осомничениот има голем нос.
Лекарите на болницата каде се лекува Дејвид Ранта соопштија дека неговата здравствена состојба е „стабилна“ но тој и натаму мора да остане под строга лекарска контрола.