ratko mladicКлара цели три години интензивно собирала материјал, сложувајќи го мозаикот на реалноста и фикцијата. Покрај читателите, книгата брзо освоила и две престижни шпански награди. Клара вели дека ја привлекол ликот на Ана Младиќ бидејќи била привлечна и ведра девојка, еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Белград. Таткото генерал кој нижел победи го обожавала, а тој како негова миленичка лудо ја сакал. Неколку недели пред да почине во март 19994 година Ана заминала во Москва од каде се вратила поинаква, тажна, нерасположена и депресивна.
Клара вели дека самоубиството на Ана Младиќ е полно со симболика. Како пример за тоа ја наведува одлуката да се убие со омилениот пиштол на татко и кој во 60-те години од минатиот век Младиќ го добил како подарок на Воената академија како најдобар кадет во класата. Младиќ честопати велел дека од него ќе пука само на прославите за раѓањето на неговите внуци. Ана, која тогаш била девојче, подоцна знаела да каже дека нејзините деца ќе го носат презимето на татко и за тој да може да пука од пиштолот Застава. Клара истакнува дека впечатливо е и тоа што Ана во семејната куќа полна со модерно оружје за својата смрт го одбрала пиштолот со кој требало да се одбележи продолжувањето ан семејната лоза.

Како да сакала да му порача на татко и: се убив заради тебе. Ратко Младиќ никогаш не го прифати фактот дека ќерка му извршила самоубиство, повторуваше дека станува збор за убиство, велел дека таа никогаш не би ја земала Заставата бидејќи знаела колку тој пиштол му значи.

Комплетните настани, сепак, никој не ги знае бидејќи смртта на Ана ќе остане енигма која таа ја однела со себе в гроб, па наводно, како што вели Клара, дури и Ратко Младиќ лично бил кај некоја гатачка за да ја дознае вистинската причина за трагедијата.