23 годишен Скопјанец загина во редовите на терористите од Исламската држава во Сирија


Скопјанецот Џељал Самакова (23) во четвртокот вечерта загинал во борби во Сирија, дознава „Дневник“ од извори во службите за безбедност. Досега најмалку девет македонски државјани загинале во конфликтот во Сирија, борејќи се во редовите на исламистичките групи, тврдат изворите. Претседателот Ѓорге Иванов смета дека се зголемува заканата од меѓународниот тероризам и верскиот радикализам, но оти институциите се подготвени да се соочат со тие предизвици. Според МВР, станува збор за глобална закана, против која Македонија соработува со сите служби во регионот и со меѓународните партнери.islamisti djihad terorizam
Според првите информации, Самакова во април заминал во Сирија, а во конфликтот учествувал на страната на Исламската држава. Според безбедносни извори, тој до неодамна не бил во првите борбени редови, туку бил задолжен за логистика на борците на ИД.

Најмалку девет македонски Албанци досега загинале во конфликтот во Сирија, сите како припадници на исламистички групи, најчесто Џабхад ал-Нусра. Досега нема официјални податоци за вистинскиот број на загинати македонски државјани во редовите на исламистичките групи.

Безбедносни извори тврдат дека Самакова е деветти македонски државјанин што загинал во Сирија.

„Џихадистите“ се глобална закана, велат во МВР, против која веќе го изменивме домашното законодавство и ја интензивиравме меѓународната соработка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1