23 казни дневно за фрлање пикавец на улица, плукање, загадување


Во текот на 2012 година има примено вкупно 8 250 барања за поведување на прекршочни постапки од надлежни органи за прекршувања на Законот за јавна чистота. Според овие податоци, надлежните во просек минатата година казнувале по 23 граѓани дневно.

cigara

Досега најмногу прекршочни пријави поднеле за испуштање на отпадни води, палење на оган и за оставање на песок на улица. Исто така како чести прекршоци кои тие ги казниле биле граѓани што плукаат на улица, фрлаат отпушоци од цигара, уринираат или оставаат кесиња и хартии.

Согласно Законот казната е во износ од 50 евра во денарска противвредност доколку фрлаат отпадоци, отпушоци и други предмети, на јавни површини или во ходниците на јавните објекти како и испишува графити, црта или лепи плакати на нив. Субјектите на кои им е изречена санкција за прекршување на законските одредби, можат да одберат порамнување на глобата со извршување на општокорисна работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1