Првата христијанка на Балканот била Македонката Лидија, кај нас е и единственото наоѓалиште на рубин во Европа, а Охридско Езеро е едно од најстарите во светот. Нашата татковина е срцето на Балканот, но низ историјата било и срцето на Европа. За тоа сведочат многубројните археолошки ископини, но и природните богатства, на кои сите ние треба да бидеме горди.
Да се потсетиме на некои факти за Македонија, кои можеби сме ги подзаборавиле:
1. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд (минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
2. Македонскиот рудник „Алшар“ на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален „рудник“ на еколошки чиста енергија.
Од 2004 година, рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на „Емералд“ – мрежата за заштита на природните реткости.
3. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот.
Втор по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики и останатите. (Колумбискиот, на пример, е околу 3,5 МЕ. Mакедонскиот е 14 морфиски единици!)
4. Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – ВИА ИГНАЦИЈА.
5. Пештерата Пешна во Македонски Брод во „Њујорк тајмс“ е опишана дека е идентична како измислените пештери во „Господарот на прстените“.
6. Во темелите на манастирот „Св. Богородица Пречиста“ (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос.
Дел од крстот има и во темелите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ како и во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица, Дебарско.
7. Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел.
Алексис Георгиос Зорба, кој бил инспирација за романот „Гркот Зорба“, живеел во Скопје, имал жена и деца, а починал во 1942 година.
8. За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу, кои и катапултот.
9. Музиката во Македонија датира од 11 век.
БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен, Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
10. Најстаро дрво во Македонија – Платанус Ориенталис во Охрид е познато како Чинарот.
Расте од времето на свети Климент Охридски – 9 век.
11. Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.
Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
12. Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки 1905 год.
Bо Битола тие отвораат ново студио за уметничка фотографија и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја во 1906 година каде што освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
13. Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години.
Докази се Неолитската тумба во Чаир, а покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската тврдина.
14. Прва зоолошка на Балканот е изградена во Скопје.
15. 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
16. Еден од преживеаните од „Титаник“ е Македонец.?
Според раскажувањето Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на „Титаник“. Кога бродот тонел, тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал сѐ додека не го нашол единствениот од екипажот кој се враќал по преживеани. Тој спасил 12 лица, меѓу кои и Стојко.
17. Според НАСА, Кокино е четврта на листата најстари опсерватории во светот.
Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain и Angkor Wat Cambodia. Помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години, која е посовремена од Кокино.
18. Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, од кои најстарото во Европа – Охридско е и најдлабоко на Балканот.
Охридско Езеро е старо 4 милиони години, во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.
19. Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, односно 850 милиони литри пиво.
20. Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19 век.
21. Првата жена покрстена на европско тло е Лидија.
Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала црвени ткаенини. Токму црвената боја станала сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови, но и востаничките знамиња.
22. Лесновскиот манастир е прва монашка република на Балканот.
Во него постоело книжовно училиште – „Лесновски скрипторум“, и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Сѐ до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и книги создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
23. Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на плиоценот, т.е пред првата ледена епоха.
Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.
24. Првите карпести гравири се создадени во Македонија пред 32 милиони години.
Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири кои првпат беа откриени во местото Лас Мазил во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко Поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.