24 год девојка заспала со цигара – изгорела во креветот


pozar-u-novom-sadu-1361133808-269379Јаглосаното тело на Марија Ц. (24) од Нови Сад, е пронајдено вчера околу 17 часот во нејзиниот стан.
„Првите резултати од истрагата покажуваат дека несреќната девојка најверојатно заспала со цигара во рацете, што предизвикала пожар само во просторијата во која што престојувала, а дека смртта е последица на гушење на јаглен моноксид.

Телото на девојката е затечено на креветот, на која се гледа дека постелнината горела. Останатите простории во станот не се зафатени од пожарот.
„Телото е пронајдено во просторијата во која бил пожарот, а што го предизвикало истиот и смртта, ќе утврди истрагата“, кажала Томичев портпаролката на Полициската управа на Нови САД.

OБНОВЕНО – Според последните информации од обдукцијата, девојката била задавена пред да биде опожарен креветот каде лежела. Иако првично се мислеше дека се работи за запалена цигара, полицијата сега случајот го заведе како убиство и се трага по убиецот.

hro-Cara-Lazara--_620x0

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1