24 години држеле имигрант како роб


Британската брачна двојка е осудена на шестгодишна затворска казна, бидејќи нигериски имигрант речиси две ипол децении го држеле како роб, објави лондонски суд.

Поранешниот лекар Емануел, на 61 година, и медицинската сестра Антан Едет на 58 години, од северен Лондон, судот во британската престолнина во понеделникот ги осудил на по шест години затвор, откако минатиот месец биле прогласени за виновни поради свирепост кон дете, робовладетелство и криумчарење на луѓе.kidnaperi 333

Двојката Нигериецот го довела во Велика Британија во 1989 година, како четиринаесетгодишник, се наведува во соопштението на судот. Му ветиле дека ќе му платата за образование, но го присилувале да работи секојдневно без никаков финансиски надоместок, заканувајќи му се со депортација доколку се обиде да избега.

Не му овозможиле образование, а контактите со надворешниот свет и со членовите на неговото семејство биле многу лимитирани. Сопружниците му го одземале пасошот, поради што останал без никакви лични документи.

Жртвата, денес близу четириесеттите години, била принудувана секојдневно, и тоа по 17 часа, да ги извршува сите домашни работи, да готви, да ја одржува градината и да води грижа за нивните деца, без никаков надомест. По некогаш добила по 10 фунти како џепарлак, а некогаш на Божик или Велигден му давале и малку поголеми суми. Не смеел да јаде на иста маса со нив, а спиел на под во ходникот.

Мажот успеал да ја извести за својата судбина една хуманитарна организација, кога двојката заминала повторно во Нигерија, од каде што најверојатно потекнува, за Божик 2013 година, а биле приведени во март следната година.

Обвинителот Дамарис Лејкин изјавил дека сопружниците Едет на својот „роб“ му кажале дека доколку излезе од куќата и контактира со полицијата, ќе биде уапсен како илегален имигрант и ќе биде депортиран во Нигерија.

„Им поверувал и станал целосно зависен од нив. Двајцата на овој човек му одземале 24 години од неговиот живот, а кон него се однесувале без нималку почит. Ова е шокантен пример на модерно ропство“, изјави обвинителот.

Сопружниците уште во Нигерија го измениле вистинското име на жртвата и ја додале неговата фотографија и податоци во семејниот пасош пријавувајќи го како син.

Судот проценил дека теоретски само за неговото ангажирање како помошник во домот му должат повеќе стотици илјади фунти. Констатирал и дека сопружниците при изрекувањето на пресудата останеле сосема рамнодушни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1