24 годишно момче од Скопје е загинатиот планинар на Солунска Глава


Дваесет и четири годишниот Атанас Л. од Скопје е момчето кое вчера го загуби животот на околу еден километар од планинарскиот дом “Чеплес“-Солунска Глава.

planinariМомчето движејќи се по карпа во висина од 20 метри паднал во провалија и со главата удрил на камен во близина на реката Бабуна при што починал.

Од страна на Единицата за спрецијални задачи со хеликоптер се  преземени мерки за извлекување на лицето и во 17:30 часот пристигнале во Скопје, каде од страна на итна медицинска помош е констатирана смрт .

Телото на починатото лице по наредба на Истражен судија е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1