24 милијарди долари отштета доби жена чиј што маж починал од пушење цигари


Ова е една од досега највисоките казни во САД против тутунска компанија по поединечна тужба. „Ар-Џеј Рејнолдс“ треба со 23,6 милијарди долари да ја обештети вдовицата на пушач починат од рак.

cigaraСудот во американската држава Флорида ja осуди тутунската компанија “Рејнолдс тобако” да отплати 23 милијарди долари на сопруга на  долгогодишен пушач, кој почина од рак на белите дробови.

“Се надеваме дека ова решение ќе биде прифатено од” Рејнолдс “и други големи тутунски компании како порака да престанат да ги изложуваат на ризик животите на невини луѓе, изјави Вили Гери, адвокат на вдовицата Синтија Робинсон.

За време на едномесечниот процес адвокатите на вдовицата докажуваа дека компанијата не доволно  ја објаснила штетата од пушењето и на крајот нејзиниот сопруг Мајкл Џонсон се разболел од рак на белите дробови поради пушењето. Тие изјавија дека Џонсон директно бил “зависен” кон цигарите – тој пропушил на 13-годишна возраст, а дневната норма му била три кутии. Мајкл Џонсон умрел во 1996 година на 36 годишна возраст.

Првично поротниците одлучиле компанијата да им отплати на Синтија и синот  од Мајкл компензација од 16,8 милиони долари. Но по дополнително сметање дискусијта на поротниците го подигнала износот до 23,6 милијарди долари. Адвокатите истакнаа дека тоа е еден од најголемите износи исплатени во државата како компензација на приватно лице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1