25 год момче се удави во Охридско Езеро – Полицијата бара помош за идентификација


Машко лице на околу 25-годишна возраст утрово е пронајдено во водите на Охридско Езеро, во близина на рестораните во стариот дел на градот.

davenje1Од СВР Охрид ја потврдија информацијата за несреќниот случај и во тек е истрага за  утврдување на идентитетот и причините за смртта на момчето. Најверојатно се работи за случај на давење.

Безживотно машко тело, утрово во 7.20 часотзабележано во водите на Охридското Езеро, на околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје во Охрид, каде длабочината на езерската вода е околу два метра.

Се работи за машко лице од близу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.

СВР Охрид интензивно работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице, па ги замолува граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или нателефонот 192.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1