25 нови хомосексуалци се заразиле со Сида/ХИВ во Македонија за 1 година


Во 2014 година во Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА

Кај 10 лица имало хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај 25 лица преку сексуален контакт на машко со машко лице (МСМ), кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија, а кај едно лице инјектирање дрога.

hiv-sida-aids-lecenje-rak-1348951872-213892
Во Македонија годинава се регистрирани вкупно 16 лица што се заболени од СИДА, а 23 се ХИВ позитивни, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во текот на годинава се регистрирани 3 смртни исходи од СИДА.

Триесет и седум од новозаболените се од машки пол, а 2 од женски. Од вкупно регистрирани 39 случаи, 20 се во Скопје, 4 во Кочани, три во Штип, по две лица во Свети Николе, Кавадарци и Прилеп, по ЕДНО лице во Тетово и во Струмица.

Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а над 60 години 4 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1