29 лица повредени од струен удар во базен


29 лица од кои 26 деца се повредени од струен удар додека се капеле во базен во кампот „Џордан“ на северот на Чешка.

Повредените веднаш биле пренесени во болница, откако вчеравечер додека се капеле во преполниот базен поминала електрична енергија.425089-bazen

За среќа повредите не се сериозни и  ниедно од децата немало срцеви проблеми.

Според истрагата , на некој начин водата продрела во електричните водови и дошло до струен удар.

Полицијата ги истражува точните причини за несреќата.

Инаку деновиве и Чешка како и поголемиот дел од Европа се соочува со тропски жештини со температура од 37 степени, па базените се деноноќно преполни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1