Тинејџерката Хејли Смит (17) поминала три години од својот живот во убедување дека е мртва, се додека не се излекувала гледајќи ги филмовите на Дизни.
Имено, Хејли страда од ретка болест наречена Котаров Синдром (Cotard’s Syndrome). Овој синдром е необична состојба кое се манифестира со тоа што луѓето кои страдаат од него мислат дека повеќе не постојат, мртви се или дека дел од нивното тело почнало да се распаѓа. Синдромот најчесто ги погодува луѓето кои имаат шизофренија или биполарно пореметување, но и оние кои страдаат од мигрена, тумор или траума, пренесува Мирор.
Од кога и е дијагонстициран овој синдром, оваа девојка од Алабама сака да им помогне на сите кои поминуваат низ слични проблеми.
„Моите родители неодамна се разведоа и мене ми беше многу тешко да се соочам со тоа. Така еден ден седев на часот по англиски и одеднаш се почувствував многу чудно – како да сум мртва, не можев да се ослободам од тоа чуство“, објаснува 17-годишната тинејџерка.
„Додека се враќав од училиште, размислував за тоа да посетам некои гробишта, за да бидам близу до оние кои ми се слични – мртви, но ниедни не ми беа во близина, па решив да одам директно дома и да се обидам да отспијам“.
Таман кога помислила дека успеала да се ослободи, од тоа чудно чувство повторно се јавило после неколку дена, додека била во продавница.
„Телото целосно ми се вкочани, ги фрлив сите фустани кои ги држев во рака и истрчав од продавницата. Чуствував како да полудувам“, се присетува Хелји.
Од тој ден, чуството повеќе не се изгубило. Хејли почнала да изостанува од училиште, да спие преку ден, а ноќта да останува до доцна будна, пренесува мирор. Како што поминувало времето, Хејли одлучила да го поврати својот нов живот.
„Репив да јадам се што ми падне под рака, бидејќи сум мртва, не можам никако да се здебелам“, објаснува девојчето.
Меѓутоа, еден ден конечно решила да и се довери на својата другарка, а потоа и на нејзниот татко Флојд. Татко и ја посоветувал дека треба да посети психијатар, меѓутоа на Хелји и биле потребни речиси две години да собере храброст и на некој странец му го довери своето искуство.
На прегледот и било дијагностицирано дека има Котаров синдром и дека станува збор за болест, и дека таа не е мртва како што била убедена.
„На Интернет барав искуства и други луѓе кои страдаат од истата болест. Многу ми олесна што во тоа не бев единствена, и дека не сакав само јас да поминувам време на гробишта“.
Хејли од првата посета на лекар, продолжила да оди на терапии, и благодарение на разговорите со психијатарот, тргнала да се оправа. Меѓутоа, и помогнале, ни помалку ни повеќе, цртаните на Дизни, поточно Мики Маус.
„Додека ги гледав филмовите на Дизни, чуствував некоја топлина, некое пријатно чуство. Мала Сирена, Заспаната убавица, Аладин, Бамби – сите ги гледав. Тогаш го запрашав својот дечко Џереми како е можно да мислам дека сум мртва, кога филмовите на Дизни прават да се чуствувам супер“, вели Хејли.
Постепено, оваа храбра тинејџерка повторно почнала да води нормален живот, оздравела, завршила училиште и планира наскоро да се омажи за својот дечко.
„Џереме многу ми помогна, и Дизни исто така. Се надеваме дека наскоро ќе се венчаме и вработиме во Светот на Дизни“, заклучува тинејџерката.
„Да бидам мртва е моето најбизарно искуство, но и сум среќна што излегов од сето тоа жива“.