3 годишно детенце во сон паднало низ прозор и починало


Тригодишното момче кое во саботата попладне падна од покривот на трикатната куќа во Калесија, БиХ починало во болницата во Тузла.

BOLNICAДетето паднало низ кровниот прозорец кој речиси било и невозможно да се отвори. Целата драма се одиграла за неколку секунди, пренесуваат босанските медиуми.

Детето со тешки повреди било пренесено во тузланската болница каде што веднаш било оперирано, но повредите биле премногу сериозни.

„Слушнавме само силен удар на земја. Сите истрчавме надвор. Детенцето целото беше скршено, а имаше и повреда на главата. Не беше при свест и се гледаше дека тешко ќе преживее. Итно беше однесен во болница. Таму го приклучиле на апарати за дишење, но виталните функции биле загрозени. Сепак, се надевавме, исто како и неговите очајни родители, се до утрото, но залудно. Малото дете не издржа, починало околу 3 часот утрото“, велат очевидци на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1