3 месеци брак со Багдади – исповед на сопругата на лидерот на Исламската држава (Видео)


Лидерот на Исламската држава Абу Бакир ал-Багдади беше убиен викендов, а покрај него усмртени биле и две жени кои носеле елеци со експлозив, но кои не експлодирале, како и три деца.

Овие терористи долго биле барани, а американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека воената операција во која бил убиен лидерот на ИД е позначајна од онаа во која беше убиен Осама бин Ладен во 2011 година за време на владеењето на Обама.

Пред две години поранешната сопруга на најбараниот човек на светот – шефот на исламистичката група на Исламската држава – 30-годишната Сага ел Дулајми дала интервју за ѓведска телевизија и во тоаа прилија изјавила дека се омажила тогаш за нормална личност, предавач во Универзитет, и дека не знае како завршил како главен во терористичка група.

„Се омажив за нормална личност, универзитетски предавач. Во тоа време се викаше Хишам Мухамед“, раскажала Сага ел Дулајми, поранешна сопруга на лидерот на најопасната џихадистичка група на светот, Исламската држава, во интервју за шведската телевизија Експресен пред 3 години.

Тоа ѝ било прво интервју откако била пуштена од либанскиот затвор во 2015 година. Сага израснала во конзервативно семејство во Багдад, Пред да го сретне човекот кој станал познат како Абу Бакр ел Багдади, веќе еднаш била межана и од тој брак имала двајца близнаци.

Нејзиниот прв сопруг бил телохранител на Садам Хусеин и бил убиен борејќи се против американските трупи во Ирак и само една година по свадбата.

Во Ирак во мусманските заедници дозволено е оженетите мажи да се женат со вдовици, така што може да се грижат за нивните деца. Тие веруваат дека тоа е добро дело, за кое ќе бидат наградени после смртта. На овој начин Сага се омажила за Багдади.

„Не, не бев заљубена во него. Не го сакав. Тој беше таинствен човек. Не можеше да се води расправија, ниту пак нормален разговор со него. Во вечерните часови доаѓаше дома, ќе јадевме и даваше наредби, ништо повеќе“, рекла таа.

Го оставила после само 3 месеци брак не знаејќи дека била бремена. Нивната заедничка ќерка Хогар сега има 11 години.

„Таа ја понесе цела тежина на својот грб. Што се виновни децата. Не е таа виновна што е ќерка на најбараниот терористи на светот“, реклаСага.

Таа е сега мажена повторно и има уште еден син.

„Да сакав да живеам во Багдади ќе живеев како принцеза. Не сакам пари, сакам слобода“, рекла таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1