3 милиони рубљи награда за информација во врска со убиството на Немцов


Руската полиција објави награда од три милиони рубљи (43.677 евра) за информација во врска со убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, кој беше застрелан во Москва во петокот вечерта, јави ТАСС.

Оперативните единици на Министерството за внатрешни работи, кои помагаат во истрагата се подготвени да исплатат награда од три милиони рубљи за информација за сторителите на убиството, соопшти руското МВР.

nemcov

Федералната истрага, која го води случајот, соопшти претходно дека ја гарантира анонимноста на секој кој ќе даде информација.

Во меѓувреме украинското Министерство за надворешни работи испрати нота до руските власти да и овозможат на Ана Дурицкаја, придружничката на Немцов, која беше со него кога тој беше убиен и украинска државјанка, да замине за Украина, изјави конзулот на Украина во Москва, Генадиј Брескаленко.

Според руските медиуми Украинката одбила да биде вклучена во руската програма за заштита на сведоци и сака да се врати во Украина. Прес-службата на федералниот Истражен комитет соопшти дека руските власти дополнително ќе ја сослушаат Дурицкаја.

Брескаленко претходно за радиото „Свобода“ изјави дека заминал во Истражниот комитет за да разговара со 23-годишната манекенка, но оти не успеал да се сретне со неа. Тој додаде дека не знаме каде во моментов се наоѓа Дурицкаја.

Нејзиниот адвокат Вадим Прохоров изјави дека руските силите за безбедност ја држат младата жена во апартман на еден од приврзаниците на Немцов и не ја пуштаат да замине, но оти таа веќе напишала барање до украинскиот конзул да и помогне најбрзо што може да се врати во Киев.

ВИДЕО: Последните моменти од животот и убиството на Борис Немцов снимено со камера

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1