Триесет годишниот Борче Ј. од Охрид починал додека сечел дрва во селото Врбјани, близу Охрид.
Како што информира полицијата, додека сечел дрва, налетал на гнездо од стршлени кои го нападнале. Веднаш била повикана Брза помош но кога пристигнале лекарите, Борче веќе бил мртов. Полицијата излегла на терен и извршила увид.
Трагедијата која се одиграла пред очите на семејството во дворот на куќата ја следеле и соседите кои безуспешно се обидувале да помогнат и да го спасат човекот додека ја чекале брзата помош да пристигне и да интервенира.