Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот, а неофицијално се удавил.
Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека нешто пред 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво тело на маж, кој е идентификуван како 30-годишен државјанин на Република Северна Македонија со постојан престој во Дубровник.
Локалните портали објавуваат дека полицијата малку пред 13 часот била повикана од граѓани кои виделе дека некој се дави во морето кај Бониново. Интервенирала итната помош и полицајци со полициски брод.
Неофицијално наведуваат дека мажот паднал во морето од кое не можел да излезе. Откако бил извлечен од водите сè уште давал знаци на живот, а дека потоа починал.