30 тони месо кое ни стигнало од Данска на детална контрола – опасно по здравјето на македонските граѓани


Од триесет тони свинско смрзнато месо кое стигнало од Данска,  се земени примероци за анализа и во средината на следната недела ќе се добијат првичните резултати за тоа дали во истото има бактерија стафилококус ауреус или не, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, пишува Дневник.

MESO

Ваквата контрола беше неопходна откако следуваше изјава од европските медиуми дека данските свињи и сувомесните производи се преполни со оваа бактерија. Истата ја има кај секој човек, а најопасна е сојот метицилин резистентен стафилококус ауреус (МРСА) која го загрозува здравјето на човекот и често е отпорен на антибиотици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1