Триесет и три годишниот Јуфуф Р. од тетовското село Милетино, починал откако го убола оса. Според кажувањата на жители на селото Милетино, Јусуф после ифтарот, што претставува крај на рамазанот пост за тој ден, излегол со другари да се напие кафе во селската чајџилница, пишува Вест.
Додека седел во еден момент почувствувал дека под кошулата, во пределот на грбот, му влегла оса. Во почетокот не обрнал многу внимание дека нешто може да му се случи, иако се обидел осата да ја истера од под кошулата. Набрзо почувствувал мачнина и со трчаница отишол дома.
Домашните презеле се што можеле, иако очигледно било дека здравствената состојба се повеќе му се влошува бидејќи не знаел дека е алергичен на убод од оса. Веднаш бил однесен во амбулантата во соседното село Челопек но залудни биле обидите на лекарите да му го спасат животот.
На пат за тетовската болница, Јусуф му подлегнал на здобиениот убод.
Жителите на Милетино велат дека Јусуф бил мирен и работлив човек, оженет, татко на едно малолетно дете.
Вест