330 милиони абортуси во Кина за 40 години


Речиси 330 милиони абортуси се извршени во Кина во периодот од 1971 до 2010 година, покажуваа податоците што ги објави во саботата кинеското министерство за здравство, додека во најнаселената земја на планетата се повеќе се доведува во прашање исправноста на политиката за контрола на раѓањето.

abortionКонтролата на раѓањето која важи за сите во Кина и политиката на раѓање на едно дете во градовите воведени на почетокот од 1980-те, овозможија, според тврдењата на официјален Пекинг, да не се родат 400 милиони деца во оваа земја отсекогаш препознатлива по најголемиот број жители во светот чиј број кон крајот на минатата 2012 година изнесуваше 1,354 милијарди луѓе.

Меѓутоа, абортусите придонесле и за селективна елиминација на плодовите на женски деца, дополнително зголемувајќи го недостигот од повеќе десетици милиони жени во вкупната кинеска популација.

Најголемиот број абортуси е извршен во периодот меѓу 1982 и 1992 година, повеќе од 10 милиони годишно, а кулминацијата е регистрирана во 1983 и во 1991 година, со повеќе од 14 милиони извршени абортуси, се додава во извештајот на кинеското министерство за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1