38 год Адриана од Штип е убиената девојка во Ново Лисиче – познат идентитетот и на мажот


38-годишната Адриана С. од Штип и 42-годишниот Горан С. од Арачиново се жртвите во вечерашното убиство и самоубиство во реонскиот центар во скопско Ново Лисиче.

убиство-и-самоубиство-во-Лисиче-3На настанот му претходела караница помеѓу момчето и девојката на која сведоци биле посетитетлите на соседното кафуле. Во моментот на пукањето локалот бил полн со гости, велат очевидци.

“Слушнавме повеќе истрели. Најпрво мислевме дека се работи за петарди, но потоа од една од зградите се слушнаа пискотници од женско лице. Се стрчавме да видиме што се случува и на плочникот пред влезот забележавме две тела, по што веднаш повикавме полиција”, велат очевидци за Пресс24.

Според некои од жителите на околните згради, мажот првин ја тепал девојката пред една од околните згради, но таа успеала да побегне. Почнал да ја бркал девојката во премините меѓу зградите и успеал да ја стаса по што и пукал во главата. Кусо време потоа, и самиот си пукал в глава.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1