Најмалку 389 странски туристи засега се исчезнати по изненадната ерупција на вулкан на островот Ломбок во Индонезија. Национоналната агенција за катастрофи извести дека полицијата на време успеала да евакуира околу 1.000 лица.
Странските туристи во неделата се регистрирале за планинарење.
-Во потрага сме по 389 туристи кои би требало да се наоѓаат на околу 11 километри од кратерот. Поголемиот дел од нив се странци. Потрагата е интензивна, сакаме што побргу да ги пронајдеме и да ги евакуираме, изјавил портпаролот на државната агенција.
Вулканот „Ринјани“ висок 3729 метри се активирал без никакво предупредување. Поради пепелот откажани се сите летови на островот, но и на Бали.