4 деца повредени – Експлодира бомба во Тетово


Четири деца, од кои две посериозно, се повредени во експлозија на засега неутвредена направа што се случила околу 16:45 часот на улицата „29 ноември“ во ромското маало во Тетово, јавува Курир.

bomba250Портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифосвки изјави дека засега се уште не се знае што ја предизвикало експлозијата.

Двете посериозно повредени девојчиња, кои според очевидци се на 13 и 14 години, се упатени во Клиничкиот центар Скопје, додека другите две се пуштени на домашно лекување.

Шехерезада Крстиќ, чија петгодишна ќерка е полесно повредена, изјави дека експлозијата се случила на улицата додека повеќе деца на различна возраст си играле. Полицијата и јавниот обвинител се на местото на експлозијата и работат на утврдување на фактите.

Дел од медиумите јавија дека станува збор за експлозија на кашикара.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1