Скопјанката Мирјана Џамбазова, позната во јавноста како Генерал Мими, е осудена на четири години затвор за измама на петмина граѓани.
Таа е обвинета дека лажно ветувала вработувања во НАТО и се претставувала како координатор во логистичкиот центар наНАТО во базата „Бонстил” во Косово
Генерал Мими пред судот ја призна вината и рече дека е вистина дека ги доведувала во заблуда оштетените, но тоа го оправда со нејзината нестабилна психичка состојба.
„Виновна сум, ги доведов во заблуда, лажев луѓе, но за тоа придонесе мојата психичка состојба. Од 2008 година се лекувам на психијатрија, а сега во приватна ординација и посетувам психолог двапати месечно”, рече Мими пред судот.
Се правдаше и дека дел од парите не ги зела воопшто, а дел им ги вратила на некои од оштетените
Makfaks