4 годишно дете во градинка донесе 249 дози хероин


Четиригодишно девојченце во детска градинка донело повеќе од 200 кесички со хероин, и за среќа нема последици за ниедно дете, а мајката на детето е обвинета за поседување дрога и загрозување на здравјето на малолетник, соопшти полицијата на американската сојузна држава Делавер на својот официјален профил на Facebook.01_heroin43222

Инцидентот се случил во понеделникот во една детска градинка во градот Селбивил во државата Делавер. Една четиригодишна воспитаничка на градинката во своето ранче пронашла кесички со бел прав. Сметајќи дека станува збор за некој вид слатки почнала да ги дели на другарчињата.

За среќа внимателните воспитачки навреме го спречиле „гоштевањето“ на децата и ја алармирале полицијата и брзата помош. Полицајците утврдиле дека правот во пакетчињата всушност бил хероин. Детето во градинката донело 249 пакетчиња со вкупно 3.635 грама хероин. За среќа, ниедно од децата не успеало да ги отвори кесичките и да проба од наркотикот.

Прелиминарната истрага покажала дека претходната ноќ домашното галениче го изгризало ранчето на девојченцето а нејзината мајка, триесетгодишната Ешли Тул, на ќерка си ѝ дала друга ранец, во којшто, како што се покажало, ги чувала наркотиците со што го загрозила здравјето на детето. Таа во моментов се наоѓа на слобода со кауција од 6.000 долари, и не ѝ е дозволен контакт со трите деца, на 11, 9 и 4-годишна возраст.

Полицијата ја продолжува истрагата, па не се исклучува мајката да се соочи со нови обвиненија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1